Есенски ориз
Есенски ориз
Процес на подготовка
-
Начин на подготовка
-
Во големо тенџере ставете го пилешкото, а потоа прелијте со околу 1,5 литри вода. Додадете една чаена лажица сол и неколку зрна бибер, а потоа ставете ја печката, прво на посилен оган, за да врие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и нека се крчка околу 20 минути, за да го зготвите пилешкото месо. Кога месото ќе се свари, извадете го настрана.
-
Вклучете ја рерната да се загрее на 200 °C.
-
Ставете го маслото во плиток сад кој може да влезе во рерната. Во маслото и солта додадете исечкан кромид и морков , а потоа динстајте 5-6 минути, додека кромидот омекне. Во кромидот додадете пиперки, домат и исецкана тиква. Динстајте уште неколку минути, а потоа додадете го оризот и печете уште малку.
-
Извадете го од печката, а над оризот наредете парчиња пилешко месо. Истурете ја супата во која пилето беше сварено и ставете во загреана рерна.
-
Печете околу 60 минути, додека поголемиот дел од течноста не испаруви. Тргнете го пилавот од рерната, оставете го да се излади околу 30 минути, а потоа сервирајте.