Карамелизиран копан со надкопан во карамел од калинка и портокал
Толку е вкусно и крцкаво, што едноставно ќе уживате во ова јадење.
Карамелизиран копан со надкопан во карамел од калинка и портокал
Толку е вкусно и крцкаво, што едноставно ќе уживате во ова јадење.
Процес на подготовка
Одвојте ги копанчињата од надкопаните и зачинете ги од сите страни. Наредете ги во тавче со тешетка, попрскајте ги со масло о ставете ги да се печат во ретна на 180 степени 30-40 минути. Во меѓувреме подгответе го карамелот.
Во мало тенџере ставете ги шеќерот, сокот од портокал, сирупот од калинка и водата. Оставете го карамелот да изврие со повремено мешање, додека да добиете структура на мед.
Откако ќе се испечат копанчињата и надкопанчињата, премачкајте ги со карамелот и вратете ги во рерна на 250 степени уште 10 минути да се карамелизираат.
Сервирајте ги со миксот од семки, зрна од калинка и ливчиња нане.
На здравје и уживајте!